Немате ставки во вашата кошничка.
Пребарување
Filters
RSS

Блог

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ВАУЧЕР
УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ВАУЧЕР

Ваучерот за дигитални вештини е наменет за лица кои се државјани на Република Северна Македонија. Лица кои до 13 јуни 2020 година не биле постари од 29 години и имаат завршено најмалку средно образование.

 

КОЈА Е ВРЕДНОСТА НА ВАУЧЕРОТ?

 

Вредноста на ваучерот за обука покрива 50% од вкупниот износ на обуката, но не повеќе 30.000 денари. 

 

Ваучерот им следува на сите млади лица од 18-29 години

 

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ВАУЧЕР

 

ЧЕКОР 1 : КРЕИРАЊЕ НА ПРОФИЛ НА uslugi.gov.mk

 

Профил на uslugi.gov.mk можете да креирате на два начина:

 

ПРВ НАЧИН:

  • ако ИМАТЕ регистрирана УЈП СМЕТКА (account) на порталот e-pdd.ujp.gov.mk

  • Се регистрирате на uslugi.gov.mk со истото корисничко име и лозинка од УЈП (односно порталот e-pdd.ujp.gov.mk )

  • При најавата само обележете го полето ,,Имате профил на УЈЛ".

  • Одете во полето ПРОФИЛ, потоа кликнете на полето КОРИСНИЧКИ ПОДЕСУВАЊА, за да проверите на кое ниво се наоѓа вашиот профил

  • Доколку сте на НИСКО НИВО, тогаш вашата регистрација е УСПЕШНА!!!

  • Доколку сте на ОСНОВНО НИВО, треба да направите надградба на НИСКО НИВО, со што на страницата најдоле го следите линкот, и го регистрирате вашиот УЈП профил.

 

ВТОР НАЧИН:

  • ако НЕМАТЕ регистрирана УЈП СМЕТКА (account) на порталот e-pdd.ujp.gov.mk

  • испраќате МЕЈЛ на адресата obuki@uslugi.gov.mk

  • во мејлот треба ЗАДОЛЖИТЕЛНО да испратите СКЕН од вашата лична карта, и да оставите телефонски број.

  • чекате да ве исконтактираат од Министерството за информатичко општество и администрација, од каде ви даваат понатамошни инструкции

  • тие ќе го креираат вашиот кориснички профил на uslugi.gov.mk

 

ЧЕКОР 2: АПЛИЦИРАЊЕ ЗА БАРАЊЕ ЗА ВАУЧЕР

 
По завршувањето на овој процес, вие ќе имате креирано профил на сајтот uslugi.gov.mk.

Следниот чекор е да испратите онлајн БАРАЊЕ ЗА ВАУЧЕР за дигитални вештини.

  • Во опцијата Е-УСЛУГИ, го пребарувате Барањето за ваучер за дигитални вештини за млади лица.

  • Аплицирате на барањето, но внимавајте кон истото ЗАДОЛЖИТЕЛНО да прикачите скениран примерок од дипломата за завршено образование.

  • Барањето за ваучер имате рок да го испратите НАЈДОЦНА ДО 31 ЈУЛИ.

  • Барањето за ваучер, кое не ги содржи прикачените документи, се смета за нецелосно барање и истото ќе биде отфрлено.

 

ЗОШТО DIFFERENT ACADEMY?

 

#Нудиме квалитетен кадар на ментори со огромно искуство

# Имаме пристапни цени и услови за плаќање 

#Знаењето на нашите студенти ни е најважно 

#Создаваме професии на иднината кои се најбарани на пазарот на трудот

#Нудиме подршка при вработување

 

#Сите курсеви и академии погледни ги на следнит линк ТУКА

 

СОЗДАДИ ПОДОБРА ВЕРЗИЈА ОД СЕБЕ, БИДИ ПОИНАКОВ!

 
ЗА ДА ГО РЕЗЕРВИРАМЕ ВАШЕТО МЕСТО, ИСКОНТАКТИРАЈТЕ НЕ НА contact@different.com.mk или на телефонските броеви 076/336-666 и  078- 399/947 
 
 
 
 

 

 

 

Кога имате јасна цел и одличен ментор, успехот е неизбежен! Прочитајте ја приказната на Петар кој  пред завршување на Академијата се вработи како Графички Дизајнер.
Кога имате јасна цел и одличен ментор, успехот е неизбежен! Прочитајте ја приказната на Петар кој пред завршување на Академијата се вработи како Графички Дизајнер.

Петар е само еден од успешните приказни на Дифферент Академи.

Тој беше дел од Академијата за Графички Дизајн, кој истата ја заврши пред месец и половина. Во оваа област досега немал никакво претходно искуство, само желба за учење и напредок во оваа професија која како што вели тој, благодарение на ...

Зошто се одлучив за Академија за Quality Assurance Software Tester
Зошто се одлучив за Академија за Quality Assurance Software Tester

Software Testers се високо специјализирани професионалци кои се меѓу најбараните вработени во ИТ индустријата.

Оваа професија е многу значајна за да се пронајдат и корегираат  недостатоците и грешките кои се направени при одредена фаза на развој на еден софтвер, веб апликација , мобилна апликација ...

За само 5 месеци до кариера како Full Stack .NET програмер. Прочитајте ја успешната приказна на Ивана Крстаноска!
За само 5 месеци до кариера како Full Stack .NET програмер. Прочитајте ја успешната приказна на Ивана Крстаноска!

Ивана Крстаноска штотуку ја заврши Академијата за Full Stack .NET и веќе е вработена. Сега е дел од тимот на Дифферент. Таа пред започнувањето на оваа Академија немаше никакво претходно искуство од оваа област.

Кратко поразговаравме со Ивана, за нејзиното искуство на .NET Академијата во Дифферент А...

Зошто иднината со “Python” програмскиот јазик ви е блескава?
Зошто иднината со “Python” програмскиот јазик ви е блескава?

Python програмскиот јазик доминира во споредба со другите јазици за програмирање како што се C, C ++ или Java. Python e објектно ориентиран со динамични функции. Тој е дизајниран од страна на програмерот Guido Van Rossum и е еден од најпопуларните програмски јазици ширум светот.

Поминаа повеќе од 2...

Што е и зошто е добро да работите Дигитален Маркетинг?
Што е и зошто е добро да работите Дигитален Маркетинг?

Ќе започнеме од тоа да дефинираме што е дигитален маркетинг. Многу често луѓето мислат дека дигитален маркетинг е само промоција, продажба и огласување на интернет. Ова е точно, но ова е само еден дел од дигиталниот маркетинг. Дигитален или интернет маркетинг е исто што и традиционален маркетинг сам...

Размислувате за кариера во Web Development? Еве што треба да знаете!
Размислувате за кариера во Web Development? Еве што треба да знаете!

Интернет просторот е огромен. Навистина огромен. Постојат повеќе од 1,25 милијарди веб-страници на интернет, а илјадници нови се појавуваат секојдневно. Веб девелоперите (познати и како Front-end developers) се поединци одговорни за тоа да се случи. Тие земаат статичен визуелен дизајн и го претвораа...

10 причини зошто Quality Assurance Software Testing е добра опција за почеток на нова кариера!
10 причини зошто Quality Assurance Software Testing е добра опција за почеток на нова кариера!

Штотуку дипломиравте и се прашувате каде да ја насочите вашата професионална кариера или пак планирате да ја промените веќе постоечката професија? Се прашувате дали Software Testing е добар избор за кариера? Дали со тестирање би имале блескава иднина? Дали тестерите имаат пристојна плата? Доколку ст...

Програмирање за почетници: 3 програмски јазици со кои со сигурност ќе најдете работа!
Програмирање за почетници: 3 програмски јазици со кои со сигурност ќе најдете работа!

Дали сакате да станете програмер? Дали се прашувате кој програмски јазик да го изучувате и кои се типови на програмирање постојат?

 

Ова е едно од најчесто поставените прашања на луѓето кои влегуваат во светот на програмирањето. Ова прашање е важно, затоа што добро избраната технологија носи погол...

Кои се вашите можности за развој како графички дизајнер?
Кои се вашите можности за развој како графички дизајнер?

Ако често се фаќате себе си со пенкало или молив во вашата рака, можно е да имате афинитети за графички дизајнер. Бирото за статистика на трудот (БЛС) ги проектира изгледите за работа за оваа позиција во наредните години.Графичките дизајнери во компјутерските и сродни полиња се очекува да имаат пора...