Петар е само еден од успешните приказни на Дифферент Академи.
Тој беше дел од Академијата за Графички Дизајн, кој истата ја заврши пред месец и половина. Во оваа област досега немал никакво претходно искуство, само желба за учење и напредок во оваа професија која како што вели тој, благодарение на ДИФФЕРЕНТ АКАДЕМИ и одличната менторка Марија, успее да ги оствари своите цели во однос на кариерниот развој.
Тој успеа да се вработи како графички дизајнер и тоа на самиот крај на слушање на Академијата за Графички Дизајн.
На Петар му поставивме неколку прашања за тоа како е задоволен и кои се неговите цели:
1.Како сте задоволни од Академија која ја завршивте (менторот, дифферент академи)?
- Од Академијата за Графички Дизајн сум презадоволен, а исто така и од менторот бидејќи ни го пренесе целото нејзино знаење и искуство.
2.Дали имавте претходно искуство во оваа област?
- Немав никакво искуство до пред да се запишам на академијата за графички дизајн
3.Што беше пресудно да се одлучите за овој курс/академија?
- Причината што ме натера да се одлучам за оваа академија беше големата желба која конечно си ја остварив благодарение на ДИФФЕРЕНТ АКАДЕМИ.
4.Во кој правец се движи вашата кариера по завршување на Академијата?
- Мојата кариера по завршување на академијата се движи во нагорна линија бидејќи веднаш по моето завршување се вработив и сега моето знаење секојдневно го надополнувам и доусовршувам.
5.Кога почна да го учиш ова, кои ти беа најголеми стравови и предизвици со кои се сретна?
- Кога започнав со академијата мојот најголем страв беше користењето на алатките во illustrator и Photoshop, a најголем предизвик ми беше работењето на реални проекти.
6.Што би им препорачал на оние кои размислуваат да почнат да ја учат оваа Академја?
- Академијата за Графички Дизајн би ја пепорачал на сите кои сакаат да направат нов чекор во својата кариера, кои веруваат во себе и ја сакаат оваа професија.
Петар е само еден од примерите дека со труд и одличен ментор се стигнува до остварување на своите цели.
Доколку и Вие сте еден од оние кои имаат цел да бидат графички дизајнери, побрзајте и пријавете се на Академијата за Графички Дизајн.
Деталите за програмата погледнете ги ТУКА.