Немате ставки во вашата кошничка.
Пребарување
Filters
RSS

Постови на блог со 'apliciraj' ознаки

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ВАУЧЕР
УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ВАУЧЕР

Ваучерот за дигитални вештини е наменет за лица кои се државјани на Република Северна Македонија. Лица кои до 13 јуни 2020 година не биле постари од 29 години и имаат завршено најмалку средно образование.

 

КОЈА Е ВРЕДНОСТА НА ВАУЧЕРОТ?

 

Вредноста на ваучерот за обука покрива 50% од вкупниот износ на обуката, но не повеќе 30.000 денари. 

 

Ваучерот им следува на сите млади лица од 18-29 години

 

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ВАУЧЕР

 

ЧЕКОР 1 : КРЕИРАЊЕ НА ПРОФИЛ НА uslugi.gov.mk

 

Профил на uslugi.gov.mk можете да креирате на два начина:

 

ПРВ НАЧИН:

  • ако ИМАТЕ регистрирана УЈП СМЕТКА (account) на порталот e-pdd.ujp.gov.mk

  • Се регистрирате на uslugi.gov.mk со истото корисничко име и лозинка од УЈП (односно порталот e-pdd.ujp.gov.mk )

  • При најавата само обележете го полето ,,Имате профил на УЈЛ".

  • Одете во полето ПРОФИЛ, потоа кликнете на полето КОРИСНИЧКИ ПОДЕСУВАЊА, за да проверите на кое ниво се наоѓа вашиот профил

  • Доколку сте на НИСКО НИВО, тогаш вашата регистрација е УСПЕШНА!!!

  • Доколку сте на ОСНОВНО НИВО, треба да направите надградба на НИСКО НИВО, со што на страницата најдоле го следите линкот, и го регистрирате вашиот УЈП профил.

 

ВТОР НАЧИН:

  • ако НЕМАТЕ регистрирана УЈП СМЕТКА (account) на порталот e-pdd.ujp.gov.mk

  • испраќате МЕЈЛ на адресата obuki@uslugi.gov.mk

  • во мејлот треба ЗАДОЛЖИТЕЛНО да испратите СКЕН од вашата лична карта, и да оставите телефонски број.

  • чекате да ве исконтактираат од Министерството за информатичко општество и администрација, од каде ви даваат понатамошни инструкции

  • тие ќе го креираат вашиот кориснички профил на uslugi.gov.mk

 

ЧЕКОР 2: АПЛИЦИРАЊЕ ЗА БАРАЊЕ ЗА ВАУЧЕР

 
По завршувањето на овој процес, вие ќе имате креирано профил на сајтот uslugi.gov.mk.

Следниот чекор е да испратите онлајн БАРАЊЕ ЗА ВАУЧЕР за дигитални вештини.

  • Во опцијата Е-УСЛУГИ, го пребарувате Барањето за ваучер за дигитални вештини за млади лица.

  • Аплицирате на барањето, но внимавајте кон истото ЗАДОЛЖИТЕЛНО да прикачите скениран примерок од дипломата за завршено образование.

  • Барањето за ваучер имате рок да го испратите НАЈДОЦНА ДО 31 ЈУЛИ.

  • Барањето за ваучер, кое не ги содржи прикачените документи, се смета за нецелосно барање и истото ќе биде отфрлено.

 

ЗОШТО DIFFERENT ACADEMY?

 

#Нудиме квалитетен кадар на ментори со огромно искуство

# Имаме пристапни цени и услови за плаќање 

#Знаењето на нашите студенти ни е најважно 

#Создаваме професии на иднината кои се најбарани на пазарот на трудот

#Нудиме подршка при вработување

 

#Сите курсеви и академии погледни ги на следнит линк ТУКА

 

СОЗДАДИ ПОДОБРА ВЕРЗИЈА ОД СЕБЕ, БИДИ ПОИНАКОВ!

 
ЗА ДА ГО РЕЗЕРВИРАМЕ ВАШЕТО МЕСТО, ИСКОНТАКТИРАЈТЕ НЕ НА contact@different.com.mk или на телефонските броеви 076/336-666 и  078- 399/947