Ваучерот за дигитални вештини е наменет за лица кои се државјани на Република Северна Македонија. Лица кои до 13 јуни 2020 година не биле постари од 29 години и имаат завршено најмалку средно образование.
КОЈА Е ВРЕДНОСТА НА ВАУЧЕРОТ?
Вредноста на ваучерот за обука покрива 50% од вкупниот износ на обуката, но не повеќе 30.000 денари.
Ваучерот им следува на сите млади лица од 18-29 години
УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ВАУЧЕР
ЧЕКОР 1 : КРЕИРАЊЕ НА ПРОФИЛ НА uslugi.gov.mk
Профил на uslugi.gov.mk можете да креирате на два начина:
ПРВ НАЧИН:
-
ако ИМАТЕ регистрирана УЈП СМЕТКА (account) на порталот e-pdd.ujp.gov.mk
-
Се регистрирате на uslugi.gov.mk со истото корисничко име и лозинка од УЈП (односно порталот e-pdd.ujp.gov.mk )
-
При најавата само обележете го полето ,,Имате профил на УЈЛ".
-
Одете во полето ПРОФИЛ, потоа кликнете на полето КОРИСНИЧКИ ПОДЕСУВАЊА, за да проверите на кое ниво се наоѓа вашиот профил
-
Доколку сте на НИСКО НИВО, тогаш вашата регистрација е УСПЕШНА!!!
-
Доколку сте на ОСНОВНО НИВО, треба да направите надградба на НИСКО НИВО, со што на страницата најдоле го следите линкот, и го регистрирате вашиот УЈП профил.
ВТОР НАЧИН:
-
ако НЕМАТЕ регистрирана УЈП СМЕТКА (account) на порталот e-pdd.ujp.gov.mk
-
испраќате МЕЈЛ на адресата obuki@uslugi.gov.mk
-
во мејлот треба ЗАДОЛЖИТЕЛНО да испратите СКЕН од вашата лична карта, и да оставите телефонски број.
-
чекате да ве исконтактираат од Министерството за информатичко општество и администрација, од каде ви даваат понатамошни инструкции
-
тие ќе го креираат вашиот кориснички профил на uslugi.gov.mk
ЧЕКОР 2: АПЛИЦИРАЊЕ ЗА БАРАЊЕ ЗА ВАУЧЕР
Следниот чекор е да испратите онлајн БАРАЊЕ ЗА ВАУЧЕР за дигитални вештини.
-
Во опцијата Е-УСЛУГИ, го пребарувате Барањето за ваучер за дигитални вештини за млади лица.
-
Аплицирате на барањето, но внимавајте кон истото ЗАДОЛЖИТЕЛНО да прикачите скениран примерок од дипломата за завршено образование.
-
Барањето за ваучер имате рок да го испратите НАЈДОЦНА ДО 31 ЈУЛИ.
-
Барањето за ваучер, кое не ги содржи прикачените документи, се смета за нецелосно барање и истото ќе биде отфрлено.
ЗОШТО DIFFERENT ACADEMY?
#Нудиме квалитетен кадар на ментори со огромно искуство
# Имаме пристапни цени и услови за плаќање
#Знаењето на нашите студенти ни е најважно
#Создаваме професии на иднината кои се најбарани на пазарот на трудот
#Нудиме подршка при вработување
#Сите курсеви и академии погледни ги на следнит линк ТУКА
СОЗДАДИ ПОДОБРА ВЕРЗИЈА ОД СЕБЕ, БИДИ ПОИНАКОВ!