Немате ставки во вашата кошничка.
Пребарување
Filters
RSS

Постови на блог со 'different academy' ознаки

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ВАУЧЕР
УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ВАУЧЕР

Ваучерот за дигитални вештини е наменет за лица кои се државјани на Република Северна Македонија. Лица кои до 13 јуни 2020 година не биле постари од 29 години и имаат завршено најмалку средно образование.

 

КОЈА Е ВРЕДНОСТА НА ВАУЧЕРОТ?

 

Вредноста на ваучерот за обука покрива 50% од вкупниот износ на обуката, но не повеќе 30.000 денари. 

 

Ваучерот им следува на сите млади лица од 18-29 години

 

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ВАУЧЕР

 

ЧЕКОР 1 : КРЕИРАЊЕ НА ПРОФИЛ НА uslugi.gov.mk

 

Профил на uslugi.gov.mk можете да креирате на два начина:

 

ПРВ НАЧИН:

  • ако ИМАТЕ регистрирана УЈП СМЕТКА (account) на порталот e-pdd.ujp.gov.mk

  • Се регистрирате на uslugi.gov.mk со истото корисничко име и лозинка од УЈП (односно порталот e-pdd.ujp.gov.mk )

  • При најавата само обележете го полето ,,Имате профил на УЈЛ".

  • Одете во полето ПРОФИЛ, потоа кликнете на полето КОРИСНИЧКИ ПОДЕСУВАЊА, за да проверите на кое ниво се наоѓа вашиот профил

  • Доколку сте на НИСКО НИВО, тогаш вашата регистрација е УСПЕШНА!!!

  • Доколку сте на ОСНОВНО НИВО, треба да направите надградба на НИСКО НИВО, со што на страницата најдоле го следите линкот, и го регистрирате вашиот УЈП профил.

 

ВТОР НАЧИН:

  • ако НЕМАТЕ регистрирана УЈП СМЕТКА (account) на порталот e-pdd.ujp.gov.mk

  • испраќате МЕЈЛ на адресата obuki@uslugi.gov.mk

  • во мејлот треба ЗАДОЛЖИТЕЛНО да испратите СКЕН од вашата лична карта, и да оставите телефонски број.

  • чекате да ве исконтактираат од Министерството за информатичко општество и администрација, од каде ви даваат понатамошни инструкции

  • тие ќе го креираат вашиот кориснички профил на uslugi.gov.mk

 

ЧЕКОР 2: АПЛИЦИРАЊЕ ЗА БАРАЊЕ ЗА ВАУЧЕР

 
По завршувањето на овој процес, вие ќе имате креирано профил на сајтот uslugi.gov.mk.

Следниот чекор е да испратите онлајн БАРАЊЕ ЗА ВАУЧЕР за дигитални вештини.

  • Во опцијата Е-УСЛУГИ, го пребарувате Барањето за ваучер за дигитални вештини за млади лица.

  • Аплицирате на барањето, но внимавајте кон истото ЗАДОЛЖИТЕЛНО да прикачите скениран примерок од дипломата за завршено образование.

  • Барањето за ваучер имате рок да го испратите НАЈДОЦНА ДО 31 ЈУЛИ.

  • Барањето за ваучер, кое не ги содржи прикачените документи, се смета за нецелосно барање и истото ќе биде отфрлено.

 

ЗОШТО DIFFERENT ACADEMY?

 

#Нудиме квалитетен кадар на ментори со огромно искуство

# Имаме пристапни цени и услови за плаќање 

#Знаењето на нашите студенти ни е најважно 

#Создаваме професии на иднината кои се најбарани на пазарот на трудот

#Нудиме подршка при вработување

 

#Сите курсеви и академии погледни ги на следнит линк ТУКА

 

СОЗДАДИ ПОДОБРА ВЕРЗИЈА ОД СЕБЕ, БИДИ ПОИНАКОВ!

 
ЗА ДА ГО РЕЗЕРВИРАМЕ ВАШЕТО МЕСТО, ИСКОНТАКТИРАЈТЕ НЕ НА contact@different.com.mk или на телефонските броеви 076/336-666 и  078- 399/947 
 
 
 
 

 

 

 

Анета Ристеска - Учесник на курсот за Copywriting
Анета Ристеска - Учесник на курсот за Copywriting
Креирањето приказна/содржина е исклучително важна вештина во застапувањето и промовирањето одредена визија. Посебно, затоа што, ние, луѓето, сакаме да раскажуваме, да слушаме искуства, да (се) препознаваме, да мотивираме, да инспирираме, да нѐ инспирираат... 
Но, како денес најдобро да ја испратиме...