Software Testers се високо специјализирани професионалци кои се меѓу најбараните вработени во ИТ индустријата.
Оваа професија е многу значајна за да се пронајдат и корегираат недостатоците и грешките кои се направени при одредена фаза на развој на еден софтвер, веб апликација , мобилна апликација или пак комлексен информационен систем. Тестирањето е задолжително од причина што на клиентите секогаш треба да им се испорача висококвалитетен производ кој овозможува пониски трошоци за одржување, а со тоа прецизни, веродостојни и доследни резултати.
Поразговаравме со Николче, студент на Академијата за Quality Assurance Software Tester во Дифферент Академи. Toj веднаш по завршувањето на Академијата се вработи како Junior QA во Allocate Software.
Дифферент Академи: Како си задоволен од Академијата која ја заврши?
Николче: Условите што беа понудени од Дифферент се одлични, за Менторот Коста само пофални зборови.
Дифферент Академи: Дали имаше претходно искуство во оваа област?
Николче: Не, немав никакво претходно искуство во оваа област
Дифферент Академи: Што беше пресудно да се одлучиш за овакадемија?
Николче: Зголемената побарувачка на работна сила во ИТ индустријата и можноста за напредок во индустрија каде се почитуваат правила.
Дифферент Академи: Што работиш во моментов и на која работна позиција си?
Николче: Во моментов работам како Junior QA at AllocateSoftware
Дифферент Академи: Во кој правец се движи твојата кариера по завршување на Академијата?
Николче: Одма по одржување на последниот час од академијата, јас аплицирав за работа во Allocate Software, после добро поминати неколку нивоа во нивниот процес на регрутација, јас добив понуда за работа кај нив.
Дифферент Академи: Кога почна да учиш QA Software Testing, кои ти беа најголеми стравови и предизвици со кои се сретна?
Николче: Најпрво дали материјата е интересна како што изгледа, потоа дали курсот е прилагоден за моите скромни познавања од тематиката и дали ќе бидам способен да ја разберам материјата (се испостави дека сум ја разбрал :) )
Дифферент Академи: Што би им препорачал на оние кои размислуваат дали да започнат да ја изучуваат оваа Академија? Зошто да станат Software Tester?
Николче: Ако размислувате за промена на кариера, оваа професија е единствената што вреди да се размислува за тоа и САМО НАПРЕД! Кога јас со мои 37 години успеав можете и вие.
Доколку сеуште се двоумите дали QA Software Tester e вистинската професија за вас, не се двоумете да не исконтактирате! Нашите ментори се тука да поразговараат со вас и да ви ги дадат најдобрите совети и насоки за вашиот понатамошен развој!