Немате ставки во вашата кошничка.
Пребарување
Filters

За само 5 месеци до кариера како Full Stack .NET програмер. Прочитајте ја успешната приказна на Ивана Крстаноска!

За само 5 месеци до кариера како Full Stack .NET програмер. Прочитајте ја успешната приказна на Ивана Крстаноска!

Ивана Крстаноска штотуку ја заврши Академијата за Full Stack .NET и веќе е вработена. Сега е дел од тимот на Дифферент. Таа пред започнувањето на оваа Академија немаше никакво претходно искуство од оваа област.

Кратко поразговаравме со Ивана, за нејзиното искуство на .NET Академијата во Дифферент Академи:

На прашањето зошто ја одбра нашата Академија и дали е возможно да се стане програмер за само 5 месеци таа ни одговори: “Фактот дека .NET рамката е една од најпопуларните платформи за софтверски апликации и помислата дека ќе бидам дел од истата беше пресудна да се одлучам конкретно за Full Stack.NET. Дифферент Академи ги одбрав поради поволните услови и одличните препораки кои ги добив од претходните слушатели. Инаку, со редовно следење на наставата, следење на инструкциите од менторот, упорност и повторување на наученото од час - дома, е возможно да се стане програмер за само 5 месеци. На самата Академија има доволно практичен дел (изработивме софтвер за Employee Time Attendance), кој помага премногу во совладување на материјалите. Секако, мора да се спомене и дека експертизата на менторот како и желбата да го извлече максимумот од секој студент е пресудна за постигнување на одличните резултати. Дефинитивно ја препорачувам оваа Академија на секој оној кој нема никакво претходно ИТ искуство, а сака да ја промени својата професија и да стане дел од ИТ светот. Во Дифферент Академи сонот многу лесно може да ви стане реалност." 

 

Уписите за јунската група на Академијата за Full Stack .NET Development се веќе започнати, а целосната програма, како и остатите информации, можете да ги погледнете ТУКА.

Оставете коментар