Немате ставки во вашата кошничка.
Пребарување
Filters

10 причини зошто Quality Assurance Software Testing е добра опција за почеток на нова кариера!

10 причини зошто Quality Assurance Software Testing е добра опција за почеток на нова кариера!

Штотуку дипломиравте и се прашувате каде да ја насочите вашата професионална кариера или пак планирате да ја промените веќе постоечката професија? Се прашувате дали Software Testing е добар избор за кариера? Дали со тестирање би имале блескава иднина? Дали тестерите имаат пристојна плата? Доколку сте во недоумица и ве измачуваат овие прашања, дозволете ни да ве увериме зошто QA e добра опција за кариера.

 

Што е Software Testing QA едноставно кажано?

Тестирањето е потврда дека вашиот производ или услуга е според барањата на клиентот, анализиран од гледна точка на крајниот потрошувач.

 

Ова се 10 практични причини зошто тестирањето е добра опција за кариера:

 

1. Зголемена е побарувачката на пазарот за тестери:

Во ера на дигитализација, било да е тоа образование, банкарство или здравство, сите се во дигиталниот свет. Расте бројот на онлајн бизниси кои продаваат производите и обезбедување услуги на интернет. Како резултат на тоа, расте бројот и на стартапи.

Кога се зборува за квалитет, тестирањето е прво нешто кое ни паѓа на памет. Значи, затестирање има многу голема побарувачка, особено ако знаете Automation, тогаш многу лесно можете да им станете омилени во било која компанија.

 

2. Тестерите добиваат многу добри плати:

Многу луѓе мислат дека тестерите се платени помалку од програмерите. Но, тоа не е точно. Како почетник дали сте тестер или девелопер, примањата ви се исти. Потоа, зависи од вас, за тоа каква замисла имате на кое поле да се докажете.

Компаниите даваат покачување во зависност од вашите перформанси. Но, секако и вашето знаење, сертификати и сл .. се важни.

Кога ја менувате компанијата како искусен ресурс, вашата плата зависи од претходната плата, сегашната состојба на ИТ индустријата, како и причината поради која одите во новата компанија.

 

3. Релативно е лесно да се влезе во ИТ светот преку Software Tester QA:

Дури и да немате научна позадина, сепак има надеж за вас. Најголем процент од компаниите вработуваат без искуство, со диплома за познавање на тестирањето од некоја од институциите за неформално образование.

 

4. Префрлувањето од веб девелопмент на тестирање е многу лесно:

Ако сте го совладале доволно кодирањето или сметате дека кодирањето не е возбудливо или не е за вас и сакате да преминете на нешто различно во рамките на ИТ, тестирањето е добра опција која вреди да се разгледа.

Бидејќи сте упатени во кодирањето, значи дека имате познавање на развојниот циклус. Штом знаете како да се развие апликација значи би знаеле како да ја потврдите нејзината исправност.

Вашата вештина за кодирање е дополнителна предност.

 

5. Алатките за тестирање се многу лесни за учење:

Ако немате ИТ искуство и сакате да влезете во ИТ светот, можете да ги научите алатките за Automation Testing. Алатките се релативно лесни за учење и штом еднаш ќе ги добиете рацете, подготвени сте да ги користите за секоја апликација.

 

6. Тип на работа со 8 часовно работно време:

Не можеме да кажеме дека би било секогаш со 8 часовно работно време, но да, споредбено со програмирањето, ќе имате малку помалку обем на работа или притисок барем во фазата на дизајнирање. 

Но, повторно како што реков не секогаш затоа што во случај на агилно тестирање секогаш ќе бидете во режим на испорака, а во некои случаи ќе имате и повици на клиенти.

 

7. Работа директно со клиентите на лице место:

Во многу проекти, на пример банкарството каде тестерите треба темелно да ги разберат барањата, треба да работат во тесна комуникација со клиентот на локацијата на лице место.

Исто така, ако имате проблем со приватноста на податоците, ќе добиете можност да работите на локацијата на клиентот.

 

8. Можете да работите како фриленсер:

Многу луѓе не сакаат да работат од 8 до 16ч и сакаат да работат според флексибилно работно време. Во тој случај, можете да работите како фриленсери.

Многу стартапи или многу странски компании претпочитаат да ги доделуваат работните обврски на фриленсери. Онаму каде што даваат задача, вие како Software Tester можете да дадете проценки на време за да го направите тоа и тие ви плаќаат по час или во зависност од бројот на тестирања што сте ги извршиле.

Постојат многу веб-страници како Freelancer.com, upwork.com, каде што можете да добиете проекти за тестирање на кои би можеле да работите.

 

9. Релативно многу лесно можете да се вратите доколку сте паузирале во кариерата:

Ако некое време сте работеле тестирање и сте стекнале добро искуство, тешко дека ќе ги заборавите основите.

Значи, ако треба да направите пауза во кариерата за брак, деца или какви било причини, можете многу лесно да ги вратите работите за доста помалку време и сепак да го пробиете интервјуто кое е претежно теоретски.

Или иако сте на пауза, можете да ги прочитате најновите случувања преку блогови за тестирање, форуми и да бидете свесни за тековните трендови.

 

10. Промената во кариерата од Software Tester во Бизнис Аналитичар е многу лесно:

Доколку имате богато искуство во тестирањетои квалификации и чувствувате потреба да ги надградувате своите вештини и профил, или пак ви е здодевно со истата работа, Бизнис аналитичарот исто така може да биде многу добар избор за квалификувани Software Testers за промена на кариерата. Бизнис Аналитичар е секако повисоко платена работа од Manual Software Tester.

 

Доколку веќе се одлучивте да влезете во ИТ светот и да започнете кариера како Quality Assurance Software Tester, уписите во Дифферент Академи за втората група се веќе отворени, започнуваме во ноември. За пријава на Basic и Advanced, односно Manual и Automation Software Tester, добивате пониска промотивна цена.

Повеќе за програмата на курсевите можете да најдете на следните линкови:

https://academy.different.com.mk/mk/quality-assurance-software-tester-basic

https://academy.different.com.mk/mk/quality-assurance-software-tester-advanced-automation-testing 

Оставете коментар