Немате ставки во вашата кошничка.
Пребарување
Filters

Програмирање за почетници: 3 програмски јазици со кои со сигурност ќе најдете работа!

Програмирање за почетници: 3 програмски јазици со кои со сигурност ќе најдете работа!

Дали сакате да станете програмер? Дали се прашувате кој програмски јазик да го изучувате и кои се типови на програмирање постојат?

 

Ова е едно од најчесто поставените прашања на луѓето кои влегуваат во светот на програмирањето. Ова прашање е важно, затоа што добро избраната технологија носи поголеми можности при изборот на работа, подобра плата и заработувачка, а со самото тоа и сигурна иднина. Во овој текст нема да се посветиме на деталите за тоа какви се видови на програмирање постојат, туку само ќе се обидеме поконкретно и поедноставно да ви претставиме кои програмски јазици би можеле да ги земете во предвид за изучување.

Нашиот критериум за препорака на најдобрите програмски јазици за учење е едноставен. Ги препорачуваме оние јазици кои се користат највеќе, кои обезбедуваат најдобри приходи, а истовремено се и лесни за изучување.

 

  1.        “PHP”

“PHP” е едноставен а моќен програмски јазик. Најбаран и најпопуларен програмски јазик за програмски јазик за програмирање на веб страни. Денес преку 20 милиони веб страни работат на сервери со инсталиран “PHP”.

На програмерите ширум светот им одговара неговата флексибилност, брзина и едноставноста за употреба. При тоа, алатките за работа во “PHP” се бесплатни. Можете да ги преземете од интернет и да почнете со програмирање во рок од 10 минути.

“PHP” програмирањето е погодно за изработка на сите видови на веб функционалности од едноставни мали апликации до веб продавници, портали и контент менаџмент системи,

Во минатото едноставните HTML страни, со ограничена интерактивност, доминирале на веб. Денес вебот е многу посложен. Претпријатијата очекуваат многу повеќе од онлајн присутноста, а тоа подразбира подинамични и поинтерактивни апликации.

“PHP” јазикот е идеален за пишување на такви програми и со таа цел е развиен.

Неговите големи можности, разбирливата синтакса и поддршка за различни оперативни системи и сервери допринеле да стане идеален програмски јазик за брз развор на веб апликации и систематско креирање на сложени интернет системи.

Работа за “PHP” програмери секогаш има, овој јазик се учи релативно брзо, така што за кратко време можете да очекувате дека ќе дојдете до очекуваното ниво на стручност и вработување.

Постои уште една значајна предност од совладувањето на “PHP”: дури и оние без никако искуство, отвореноста на веб платформата и достапноста на проекти од областа им овозможува на почетниците да работат на развој на голем број на веб страни и така за кратко време да се стекнат со референца  и искуство кое се бара при вработување на веб девелопери. Може да се каже дека “PHP” програмирањето е вистински избор за почетници доколку сакаат да научат да изработуваат секаков тип на веб. Доколку се одлучите да го изучите овој програмски јазик, тука можете да ја погледнете програмата која ние ви ја нудиме.

 

  1.        “C#”

 “C#” е најпопуларен програмски јазик за пишување на најголем број на различни програми, системски софтвери, игри, апликации кои користат бази на податоци и тн.

Програмите напишани во “C#” се составени од повеќе основни делови кои можат да се комбинираат на различни начини, како лего коцки.

Овој јазик дава можности за системски развој на огромни програми, така да програмер без поголеми потешкотии би можел да се снајде во програми со многу кодови.

“C#” програмскиот јазик е моќен, флексибилен и едноставен за програмирање. Милиони професионалци ширум светот го користат овој јазик секојдневно. Познавањето на овој програмски јазик ќе ви овозможи одлични услови за работа.

При тоа е прилично едноставен со само 80 резервирани зборови (запомнете само 80 нови зборови и сте научиле цел нов јазик).

Кога ќе научите како да го користите “C#” како и да работите во три клучни развојни опкружувања: ASP.NET, .NET Windows Forms I ADO.NET ќе можете да работите широк распон на програми за Windows и Web.

Ако се прашувате дали е “C#” програмирањето за почетници, ќе ви кажеме дека дефинитивно е. Многу првокласни програмери прво го изучиле токму овој јазик и така ја започнале својата ИТ кариера. Совладувањето на овој програмски јазик ви дава одлични можности за професионален развој. За “C#” професионалците има одлични работни позиции.

 

  1.        Java

“Java” е програмски јазик развиен во компанијата Сан Микросистемс во 1991 година како дел од проект за развој на софтвер за тв, видео рекордери и слични електронски уреди.

Поради тоа “Java” морала да биде едноставна, брза, ефикасна и лесно пренослива од еден уред на друг.

Овие особини денес ја направиле идеална и популарна за креирање на програми, сервиси, игри, апликации за мобилни телефони и за креирање на функционалности на веб услуги. А исто така и забележан е тренд дека се почесто ја бираат почетниците за изучување. Дали вие се прашувате дали е “Java” за почетници? Не можеме баш со сигурност да тврдиме, но можеме да ви гарантираме дека доколку и се посветите во рок од 12 месеци можете да ја изучите на многу високо ниво.

“Java” иако е нов јазик е премногу популарен. Една од главните причини за популарноста е тоа што програмирањето може да се извршува на скоро секој тип на компјутер и паметен уред.

При тоа, “Java” е објекто ориентирана исто како и “C#”. Тоа за програмерите значи дека може да прави и менува големи програми без поголеми компликации. А самиот јазик е премногу прост спореден со повеќето програмски јазици, поради што релативно лесно се учи. При тоа јазикот е многу моќен. Денес е важно да се нагласи дека “Java” програмирањето е основа за понатамошно усовршување особено за програмирање на мобилни телефони затоа што андроид се заснова на “Java”.

Работните места за “Java” програмери не се толку пристапни како работните места за “PHP” и “C#” програмерите, но се нудат и се одлично платени.

Повеќе за програмата на нашиот “Java” курс, прочитајте тука.

Оставете коментар