Немате ставки во вашата кошничка.
Пребарување
Filters

Кои се вашите можности за развој како графички дизајнер?

Кои се вашите можности за развој како графички дизајнер?

Ако често се фаќате себе си со пенкало или молив во вашата рака, можно е да имате афинитети за графички дизајнер. Бирото за статистика на трудот (БЛС) ги проектира изгледите за работа за оваа позиција во наредните години.Графичките дизајнери во компјутерските и сродни полиња се очекува да имаат пораст од 24 до 26 проценти зголемени можности за работа во следните неколку години, според Бирото за статистика на трудот.

 

Без разлика дали сакате да работите како консултант и да продавате консултантски услуги или да отворите своја сопствена компанија, дипломата за познавање на графички дизајн ви ја отвора вратата за низа креативни кариери.

 

Ова се само неколкуте опции за работа кои се директно поврзани со графички дизајн:

Маркетинг менаџер

Аниматор

Уметнички директор

Креативен директор

Графички дизајнер

Илустратор

Печатење

Продукција театар / телевизија / филм

Специјалист за мултимедија

Фотограф

Дизајнер

 

Работно искуство

Курсевите често даваат можност да работите на проекти со водечки бизниси и организации. Исто така ви даваат можност да дојдете до работно место во индустријата.

Со посетување на практична работа, практикантите се почесто доаѓаат до работа и градење на искуство, правење на контакти и зголемување на своето портфолио. Тоа е така затоа што дизајнерскиот свет е мал и дизајнерските агенции меќусебно си препорачуваат практиканти кои ги импресионирале или контактирале со нив, ако во иднина има соодветни можности.

Учество во релевантни натпревари и изложби може да ви помогне да се промовирате и да ги изградите вашите контакти. Исто така, би можеле да се обидете да добиете некое работно искуство, на пример, да работите за филмска продукциска компанија, телевизиски канал или дури и списание или да направите некоја доброволна работа на локални проекти.

Една одлична академија е Академијата за Графички Дизајн каде ќе се стекнете со одлични вештини кои ќе имате можност да ги примените преку работа на реални проекти и тоа не само во текот на академијата туку и на пракса во Дифферент паралелно со учењето. По завршување на Академијата еден од најуспешните ќе добие можност за вработување во нашата компанија. 

Местата за академијата се ограничени, така што.... Побрзајте! 

 

Типични работодавци

Со графички дизајн можете да работите за различни бизниси, како што се консултанти за дизајн или агенции за дизајн или специјалисти за брендинг. Може да бидете дел од тим специјализиран за адвертајзинг, вклучувајќи градење на идентитет на брендот и брендирање на настани или корпоративна комуникација.

Рекламните агенции за односи со јавноста, исто така, користат графички дизајнери за да создадат позитивни слики на организации, поединци и производи и да даваат креативни решенија кои генерираат продажба или зголемување на деловниот интерес.

Можете исто така да работите за издавачки куќи. Многу издавачи се преселија во интерактивни и онлајн производи каде што можете да ги користите своите вештини за да помогнете во дизајнирањето, производството и маркетингот на книги, списанија, весници.

 

Вештини кои треба да се вклучени во вашето CV

За време на курсот за графички дизајн ќе развиетесвест за ефективна графичка комуникација и ќе изградите добар микс од специфични предмети и технички вештини. Тие вклучуваат дизајн вештини и методи како што се:

цртање и скицирање

фотографија

типографија

подвижна слика

дигитални медиуми.

Вашите технички вештини ќе се подобруваат со изучување на различни компјутерски пакети и вештини како што се илустрација, печатење и веб дизајн.

Исто така, ќе развиете голем број на преносливи вештини кои можат да се користат во различни работни места и сектори. Тие вклучуваат:

креативност - како да бидете отворени за нови инспирации и техники

тимска работа – како да соработувате на голем број креативни проекти со други ученици од графички дизајн

управување со времето - управување и доставување голем број на креативни проекти до крајниот рок

аналитички вештини

истражувачки вештини

капацитет за работа независно - со цел да се произведе своја сопствена работа и да се изгради вашето портфолио

претприемачки вештини - вашето портфолио мора да биде креативно, имагинативно и комерцијално.

Оставете коментар