Немате ставки во вашата кошничка.
Пребарување
Filters

Што е и зошто е добро да работите Дигитален Маркетинг?

Што е и зошто е добро да работите Дигитален Маркетинг?

Ќе започнеме од тоа да дефинираме што е дигитален маркетинг. Многу често луѓето мислат дека дигитален маркетинг е само промоција, продажба и огласување на интернет. Ова е точно, но ова е само еден дел од дигиталниот маркетинг. Дигитален или интернет маркетинг е исто што и традиционален маркетинг само на различни медиуми. Маркетинг е создавање и анализирање на потребите на пазарот како и задоволување на истите, само во овој случај тоа се прави преку интернет. За разлика од традиционалниот, дигиталниот маркетинг е склоп на различни активности кои имаат за цел да изградат идентитет и позиција во дигиталниот свет. Но, зошто е важно идентитетот да го градите на интернет, односно онлајн?

Едноставно, денес луѓето “живеат”на интернет. Лесно е да пребарате производ или услуга или да ја го постирате на facebook или instagram. Всушност токму тука настанува магијата. 

Зошто е потребно да бидете застапени на интернет?

Маркетерите би рекле, бидете таму каде што е вашата целна група. На интернет сигурно некаде се наоѓа вашата целна група, само е потребно да ја пронајдете и да и кажете дека “постоите”. Но тоа се работи на различни начини, а доколку не знаете како тогаш може да ја погледнете програмата ОВДЕ и да погледнете на кои се начини можете да ја пронајдете вашата целна група. 

Преку градење на вашиот бренд преку интернет ќе заштедите на време и пари а ќе добиете директен канал за комуникација со целната група. 

Една од позитивните страни на дигитален маркетинг е што за кратко време можете да добиете позитивна или негативна повратна информација од вашата целна публика. 

Со помош на моќните алатки (пред се аналитиката), можете да добиете голем број на детални информации за вашата публика. Што сака, што не сака, што ја интересира и слично.

Преку атрактивен пристап, понуда и добар визуелен идентитет, ќе станете препознатливи за вашата публика. 

За вашата целна публика да посака да го проба вашиот производ или услуга треба да им покажете зошто е добар/ра и како треба да го користат производот или услугата. 

Едноставно, на вашата публика треба да и се допадне начинот на кој вие работите, односно ги претставувате своите услуги или производи за првенствено да ве прифати. 

Шанса за развој

Со добра маркетинг стратегија, јасно дефинирани целни групи и добро одредени канали за комуникација може многу брзо да напредувате. Денес сите се достапни на друштвените мрежи и буквално животот им се одвива преку истите. 

Social Media Marketing му помага на брендот преку интеракција со целната група. Преку социјалните мрежи многу лесно со создава директен канал за комуникација со целната група. Секако тука многу важна ставка е и интернет цената. Интернет маркетингот е доста поволен бидејќи со помал буџет можете точно да видите како тој се распределува и каква резултати сте добиле за истиот. 

Тој во денешницата е неопходен за секаков вид на бизнис, независно дали е мал, среден или голем бизнис. 

Секако мора да имате лице или тим кој исклучиво ќе се занимава со оваа тематика и ќе ви ги води социјалните мрежи, бидејќи Дигиталниот маркетинг е неопходен за секој бизнис, а вашето присуство на интернет е неопходен во 21виот век. 

Затоа, доколку сакате да ги унапредите вашите вештини или вашиот бизнис, тогаш отворете го линкот ОВДЕ и погледнете ја програмата која ја имаме за Дигитален Маркетинг. Таа е наменета буквално за сите вас! За оние кои сакаат да работата како фриленсери, како дел од тим од некоја агенција од една страна или од друга страна доколку имате сопствен бизнис да се унапредите вие или некој од вашите вработени со тоа што ќе скратите многу на потрошени ресурси за време и пари. Она што ќе го добиете е готов производ-односно вработен. 

Оставете коментар