Немате ставки во вашата кошничка.
Пребарување
Filters

Зошто е добро да се изучува PHP програмскиот јазик ?

Зошто е добро да се изучува PHP програмскиот јазик ?

PHP  е моќен Script програмски јазик кој служи за изградување на динамични веб страни. Овој јазик го користат програмери кои го ценат поради тоа што е флексибилен, брз, популарен и има голем капацитет. На веб дизајнерите им одговара бидејќи овозможува многу можности и е лесен за употреба. Многу е едноставен за учење а оние кои го имаат совладано пак можат да постигнат многу со него.

PHP е најпопуларниот web програмски јазик. Работи на Windows, i Linux платформа. Погоден е за градење на сите варијанти на Веб апликации и тоа од оние најмалите до оние комплексните.

Но за да може да го изучувате овој програмски јазик секако мора многу добро да ги совладате HTML, CSS , JavaScript. Ова е основата која е најважна за да може да се насочите на било што понатаму. Програмата може да ја погледнете на следниот линк. ТУКА

Најчесто се користи како развојна платформа за интеракција на интернет страници. Покрај наведените можности, овозможува и работа со бази на податоци како што е MySQL, кој што е вклучен за изучување и во курсот за MySQL и PHP Web Development. Програмата може да ја погледнете ТУКА

По завршување на оваа програма, ќе бидете спремни самостојно да изградите сопствена Веб апликација. Добиеното знаење за PHP и MySQL програмирање и администрирање е нешто што вас ќе ви помогне за пораст на вашиот кариерен развој во полете на интернет програмирањето воопшто. Ќе ги научите основите и напредните техниќи на PHP, instalaciju (Apache, PHP), синтакси (проширена синтакса на PHP), а исто и напредни PHP i MySQL: база на податоци и PHP и основно објективно ориентирано програмирање во PHP.

Станете програмер во PHP Веб Апликација

На оваа PHP програма низ курсевите и предметите ќе научите да конструирате, пишувате, дополнувате и одржувате интернет апликации во PHP. Ќе добиете програмско знаење за програмирањето на напредните web апликации кои опфаќаат изработка на шопови, интернет поратли, форуми, страни специјализирани за социјални мрежи како (Facebook, YouTube) со изградба на Content Management решенија како (Joomla и сл.)

Изработете софтвер по сопствена мерка

Програмерите на PHP web апликацијата изработуваат софтвер кој го убрзува, олеснува и создава поврзување со web и интернетот воопшто, како и електронското работење (e-Business). Во нивната работа постојано е потребно развивање на напредни апликации како и одржување на постоечките. Со оваа програма, ќе може да се обучите да бидете еден од нив.

 

Оставете коментар