Quality Assurance Software Tester е обемен и сеопфатен курс кој ќе ве научи се што треба да знаете за да станете Software Tester - Manual Testing.
Времетраење: 2 месеци
Software Testers се високо специјализирани професионалци кои се меѓу најбараните вработени во ИТ индустријата.
Оваа професија е многу значајна за да се пронајдат и корегираат недостатоците и грешките кои се направени при одредена фаза на развој на еден софтвер, веб апликација , мобилна апликација или пак комлексен информационен систем. Тестирањето е задолжително од причина што на клиентите секогаш треба да им се испорача висококвалитетен производ кој овозможува пониски трошоци за одржување, а со тоа прецизни, веродостојни и доследни резултати. Квалитетното тестирање секогаш овозможува поголем број на на задоволни корисници од предвидената таргет публика за конкретниот дигитален производ.
Quality Assurance Software Testing - Мanual е обемен курс кој ќе ве научи се што треба да знаете за да станете Software Tester.
Зошто да станете Software Tester?
* Едноставно го избравте Software Tester како кариера.
* Сакате решавање на логички загатки. Тестирањето е вид на решавање на логичка загатки.
* Сакате да им помагате на другите. Со гордост ќе можете да кажете дека како Software Tester, помагаte во пуштање на квалитетен производ на пазарот.
* Сакате да преземате предизвици. Во многу проекти, треба да направите тестирање без документи за спецификација.
* Сакате да го напишете вашиот прв код.
* Сакате да комуницирате со луѓе. Тестерите треба да ги знаат сите делови од апликацијата што ќе ги тестираат. Значи, треба да разговарате со клиентите, за да добиете повеќе информации за знаењето на доменот.
* Сакате да бидете во тим кој ќе испорачува квалитетни производи.
Што ќе научите на овој курс:
-Introduction to SDLC
-Introduction to Software Testing
-Types of Testing
-Introduction to User Stories
-Test Management
-Writing Test Cases Guidelines
-Reporting Bugs Guidelines
-Testing techniques
За кого е наменет овој курс:
Овој курс е совршена можност за сите оние кои бараат QA Software Testing (Manual).
Ако сте нови во IT индустријата, сакате да го зголемите вашето знаење за QA Software Testing и сакате да продолжите со кариера во тестирањето или ако сакате да ја промените вашата професија, овој курс е само за вас.
На овој курс, ние ќе вe научиме на сите практични работи кои се потребни за да добиете работа и да бидете успешни како QA Software Tester.
Ако сте студент, QA Software Testing - Manual курсот е токму она што ви е потребно за да си ги отворите вратите кон кариерата од вашите соништа.
Ако сте искусен професионалец од било која друга област, но сакате да навлезете во ИТ светот, овој курс ќе ви помогне да го направите тоа совршено добро.
Начин на плаќање: во готово, на фактура или на 3 рати.